Во последните 24 часа се направени 870 тестирања, а регистрирани се 176 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 61, Куманово 8, Дебар 1, Штип 14, Прилеп 5, Тетово 22, Струга 19, Велес 5, Битола 3, Охрид 14, Гостивар 7, Струмица 1, Кочани 2, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Пехчево 1, Кичево 6, Ресен 5.

Починати се девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 80 оздравени пациенти од: Скопје 5, Куманово 1, Штип 18, Тетово 30, Битола 2, Гостивар 8, Гевгелија 1, Струмица 1, Кочани 8, Берово 1, Валандово 2, Кичево 1, Ресен 2.

Досега во земјата се направени вкупно 58.765 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6080, бројката на оздравени пациенти е 2315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3479.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари