На 27.06.2020 во 08.00 часот било пријавено дека на 26.06.2020 околу 00.00 часот во Кочани, непознато лице се обидело да изврши обљуба врз 86-годишна жена во нејзиниот дом, физички ја нападнал по што ѝ одзел материјални средства.

Извршен бил преглед од лекар, а за настанот бил известен Јавен обвинител.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗВОР: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари