Во последните 24 часа се направени 1140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 66, Куманово 6, Штип 15, Прилеп 3, Тетово 19, Струга 2, Велес 2, Битола 1, Кавадарци 4, Гостивар 2, Пробиштип 2, Свети Николе 1,  Ресен 3

Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти: Скопје 43, Штип 1, Битола 1, Ресен 3.

Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари