СРЗЕК „Кочански рибар“  од Кочани помогнат од „Модерен крапски риболов“ од 24 до 26 Јули организира риболовен натпревар на езерото „Гратче“ насловен како „Wild carp cup ezero Gratce 2020“.

Екипите кои се заинтересирани да настапат на овој натпревар а ги има вкупно 17  ќе мора да уплатат котизација за комплетната екипа во висина од 4.000,00 денари  најдоцна до 18 Јули.

Организаторот за најуспешните три екипи освен пехари има обезбедено и парични награди (8.000,00 денари за прво место, 5.000,00 за второ и 3.000,00 за трето), како и награда и пехар за Најголема уловена риба.

Крајот на натпреварот е предвиден за Недела (26 Јули) кога ќе бодат с=умирани сите резултати по што ќе бидат прогласени најуспешните.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари