Кога на 1 Јули 2007 година тројца млади ентузијасти се решија да го отворат порталот „комарец“ многумина со право се прашувавме што е и зошто е потребно сето тоа.

Денес го отвораме неговото четиринаесетто поглавје и продолжуваме да чекориме по патот по кој и изминатите тринаесет години одевме.

Порталот досега им се има допаднато на 15.866 читатели што секако не е бројка за потценување. Објавени се вкупно 16.774 написи со повеќе од 70.000 фотографии. Толку сме можеле.

Секогаш се трудевме да ги задоволиме вкусовите на читателската публика, да им ги презентираме настаните и случувањата посебно во општината со цел да имаат појасна слика за се што е актуелно. Добивавме позитивни, но и негативни критики за она што го пишувавме, што е цената на демократијата. Такви бевме досега, такви ќе продолжиме и во иднина.

Но кога се ќе се собере, мислиме дека сепак успеавме во она што со години го работиме, успеавме преди се благодарение на искреноста на нашите читатели, но и на нивната голема соработка бидејќи без нивни правовремени информации тешко дека ќе стигнувавме до сето она што се случува во нашето опкружување.

Затоа Ви благодариме на сите.

Ве почитуваме

Да продолжиме да се дружиме. Одиме понатака.

С. Ивановски

14

P1760413

P2330182

DSCN4112

P3770075

strisani-2-052

P1240811

P1150739

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари