Во последните 24 часа се направени 954 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 64, Куманово 4, Дебар 4, Штип 2, Прилеп 2, Тетово 14, Струга 5,
Битола 3, Охрид 7, Гостивар 2, Македонски Брод 1, Свети Николе 2,  Кичево 5, Ресен 5.

Во ГОБ „8 септември“ починати се 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од: Скопје 17, Куманово 92, Штип 2, Прилеп 1, Тетово 4,  Велес 1, Кичево 1, Ресен 5.

Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6454, бројката на оздравени пациенти е 2598, на починати е 306, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3550.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари