Денес околу 10:30 часот на улицата „Борис Трајковски“ со приклучокот на дел од улицата „Раде Кратовче“ во близина на „Лекарски згради“ се случи сообраќајна несреќа.

Во несреќата учествувале две патнички моторни возила „LAND ROVER“ и „FIAT PUNTO“, и двете со кочански регистарски таблички.

Според првичните сознанија сообраќајката за среќа поминала со материјална штета.

Увид во несреќата вршат лица од ОВР – Кочани кои треба да ги утврдат причините за сообраќајката.

С. Ивановски

P4010592

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари