Соопштение до јавноста

Денеска во општата болница со проширена дејност – Кочани беше извршено официјалното примопредавање на новиот апарат за неинвазивна механичка вентилација BIPAP модел Модел: DM 28 – 30ST – BP, донација од Министерство за здравство и донаторите МЕГА ДОО Куманово, Голден Арт ДОО Скопје, Акустик ДООЕЛ Скопје и Греемак Гроуп ДОО Скопје.

„Би сакал од мое име, како и од името на вработените во ЈЗУ Општа болница – Кочани, да изразам голема благодарност до донаторите МЕГА ДОО Куманово, Голден Арт ДОО Скопје, Акустик ДООЕЛ Скопје и Греемак Гроуп ДОО Скопје, како општествено одговорна компанија, за несебичната помош во справувањето со Ковид-19 пандемијата. Со оваа донација ќе имаме заокружен систем за лекување и на најтешките болни со мобилен респиратор за транспорт на болните во повисоките инстанци“, изјави директорот на општата болница со проширена дејност – Кочани, Др. Александар Серафимов.

Кочани, 02.07.2020

Општа болница со проширена дејност – Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари