Почитувани сограѓани,

Не сум изненаден што кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков продолжува да ја лаже јавноста со неосновани напади кон мене. Лефков нема аргументи за политички натпревар, па е свртен кон дискредитација на сѐ што му пречи.

На Лефков му пречи, тој не може да поднесе ниеден успех и развој на Кочани.

Докажува дека се плаши од секој реализиран проект. Преплашен е, бидејќи во моментот само на Пониква се инвестираат 3,2 милиони евра, а во градот и селата се гради 41 улица.

Како градоначалник на Општина Кочани, немам време да ја трошам енергијата на Миле Лефков. Мојот фокус се граѓаните. Имам доволно обврски и огромна желба да ги решавам проблемите и да одговорам на потребите на граѓаните и во мојот мандат да оставам проекти чии придобивки ќе ги користат идните генерации.

Од друга страна, сакам да истакнам дека кочанската јавност добро знае кој снима видеа, на тоа Лефков секојдневно ги потсетува.

Постојаното пласирање невистини и дезинформации Миле Лефков го потврди и во прес-конференцијата во која индиректно го напаѓа работењето на Општина Кочани, искажувајќи лаги за потрошените средства преку Агенција за привремени вработувања.

Кога говорат аргументите, а не Миле Лефков, тоа изгледа вака:

1.Во 2016 година Општина Кочани за привремени вработувања потрошила 4.105.219 ден.

Во 2020 година Општина Кочани потрошила 507.000 денари.

2.Во октомври 2017 година Општина Кочани имала 9 вработени со времен ангажман.

Денес Општина Кочани има 1 привремено вработено лице.

Потврдивме дека работиме одговорно, чесно и транспарентно.

Граѓаните добро знаат кој како работи и каква етикета носи.

Градоначалник на Општина Кочани,

Николчо Илијев

privremeni vrabotuvanja - Copy

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари