Во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 71, Куманово 15, Дебар 1, Штип 10, Прилеп 5, Тетово 20, Струга 3, Велес 1, Битола 3, Охрид 10, Гостивар 14, Пробиштип 4, Македонски Брод 1, Кичево 2, Ресен 5.

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти од: Скопје 97, Штип 11, Тетово 3, Велес 2, Битола 2, Струмица 1, Ресен 11, Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 64.837 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е 328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари