Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19: Скопје 53, Куманово 4, Дебар 6, Штип 3, Прилеп 6, Тетово 8, Струга 13, Велес 1, Охрид 8, Гостивар 5, Пробиштип 1, Свети Николе 1,  Кичево 4, Ресен 2.

Починати се 7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица: Скопје 26, Велес 2, Гостивар 3, Кичево 3, Ресен 6.

Досега во земјата се направени вкупно 67.165 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари