Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 26, Куманово 4, Дебар 1, Штип 17, Тетово 9, Струга 3, Битола 1, Охрид 1, Гостивар 5, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 3,  Виница 1, Свети Николе 5.

Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од: Скопје 72, Куманово 53, Штип 20, Прилеп 4, Тетово 10, Велес 1,  Гостивар 5, Пробиштип 2, Ресен 4, Неготино 1.

Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари