Во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 63, Куманово 4, Дебар 6, Штип 4, Прилеп 2, Тетово 14, Струга 6,
Велес 2, Битола 1, Охрид 4, Гостивар 12, Свети Николе 1, Кичево 1.

Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово и двајца пациенти од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 125 оздравени лица од: Скопје 82, Штип 1, Тетово 30, Струга 2, Битола 2, Гостивар 2, Кочани 4, Пехчево 1, Ресен 1.

Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7244, бројката на оздравени пациенти е 3324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3569.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари