Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 87, Куманово 7, Дебар 2, Штип 10, Прилеп 3, Тетово 16, Струга 8, Охрид 1, Кавадарци 1, Демир Хисар 1, Гостивар 8, Струмица 1, Кратово 1, Свети Николе 9, Кичево 3, Ресен 5.

Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица од: Скопје 126, Куманово 31, Штип 11, Прилеп 1, Тетово 45, Велес 7, Кавадарци 1, Гостивар 1, Кочани 1, Свети Николе 2, Ресен 2, Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 71.220 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7406, бројката на оздравени пациенти е 3554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3493.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари