Носителот на кандидатската листа во ИЕ-3 од Коалицијата „Можеме“ Љупчо Николовски во присуство на Јован Деспотовски – директор на фондот за иновации и технолошки развој остварија средба со дел од младите претприемачи од Кочани и од регионот.

На средбата беа разменети мислења за начинот на досегашното работење на претприемачите и резултатите што ги имаат остварено, но и за нивните планови и сугестии кои државата треба да ги преземе во блиска иднина се со цел младите да останат во државата.

Младите претприемачи се длабоко убедени дека имаме кадар на сите полиња од современото живеење и дека со помош на државата и со нејзините гаранции младите наместо да заминуваат преку граница своите способности ќе ги искажуваат овде дома, на нивни терен.

По завршувањето на средбата сите присутни искажаа задоволство од она што произлезе од едночасовната дебата.

С. Ивановски

P4020026

P4020060

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари