До Предвремените парламентарни избори остануваа уште пет дена, за некои малку, а за други многу долго време, но за оние кои си ја знаат работата колку и да преостанува ним им е доволно.

По пет дена ќе се сумираат резултатите и ќе се анализира работата на политичарите во сите изборни единици, но некој и да сака нема да може да не ја почитува работата што во изминатиот период ја сработи носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 3, Љупчо Николовски.

За него во изминатите денови од оние што ја следат неговата работа се изнаслушавме само убави зборови, но денес еден повозрасен политичар слушајќи го неговиот настап со младите претприемачи во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани кратко рече: „Ова момче е фанатик во своето работење, постојано е во движење, секаде стигнува на време што е знак дека си ја сака работата“.

И навистина, иако агендата од ден на ден е се по згусната Љупчо Николовски наоѓа време секаде да стигне.

Денешниот пазарен ден во Кочани го искористи да се сретне со голем број граѓани, да им пријде онака со мек тон, да поразговара, да ги слушне нивните проблеми но и да им каже убав збор, да им ги тргне црните мисли што некој друг им ги всадил.

Потоа имаше доволно време да се сретне со младите претприемачи, да ги слушне досегашните нивни реализирани проекти, но и да слушне лично од нив што треба државата да преземе за да финансира нови проекти а со тоа и да ги задржи младите во својата земја.

До неговото заминување во Македонска Каменица каде се сретна со претставници од „Гласен текстилец“ имаше уште неколку сработени задачи од неговата агенда.

Но за Љупчо Николовски како да стои времето бидејќи секаде стигнува, со секого разговара и секому му дава поддршка. Неговите домаќини кои се сопственици на компании најмногу  се воодушевени од неговите настапи иако неговата најголема борба е борбата за правата на работниците.

Е затоа сите во суперлатив зборуваат за носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 3, Љупчо Николовски.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари