Почитувани сограѓани,

Гласањето на 15 јули ќе биде со целосна заштита. Обезбедени се сите мерки за заштита од Ковид.

Ја бараме вашата поддршка. Го бараме вашиот глас за уште еден мандат. За да ги продолжиме добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо и да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за оваа наша убава земја и за нашиот народ.

Одлучуваме за сопствената иднина, за иднината на најблиските и за иднината на земјата.

Одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад!

Дали ќе растат платите за сите или ќе се полнат џебовите на луѓето на Груевски?

Дали ќе се заштитиме од Ковид или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос, паника и закана за здравјето на сите?

Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да нè носат во провалија?

Немојте да мислите дека работата е однапред завршена!

Не е доволно само да веруваме дека СДСМ ќе ја води следната влада. Секој од нас да преземе чекор и да учествува во големата одлука. Да не дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создававме овие три години.

Не молчете кога е ваш ред да зборувате. Вие одлучувате. Без вашиот глас нема да се оствари она што го очекувате. Излези и гласај на безбедно гласање.

Затоа, на 15 јули, да дадеме масовна поддршка за коалицијата Можеме, која носи сигурност и заштита на здравјето на граѓаните.

Ви благодарам!

Марија Ангелова

Кандидат за пратеник во ИЕ3 од коалиција Можеме

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари