Граѓаните на 15 јули одлучуваат и за тоа кој ќе продолжи да се справува со коронавирусот. Кој ќе го штити јавното здравје, во есенскиот ризичен периот.

Денес со претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче, со ген. секретар на СДСМ Љупчо Николовски, со градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев и кандидатката за пратеник Марија Ангелова, имавме средби со жителите на Кочани и разговаравме за здравствените предизвици што не очекуваат во наредниот период.

По четири месеци тешка битка со вирусот, Владата предводена од СДСМ, здравствениот систем предводен од Филипче одговорија зрело, навремено и ефикасно.

Го заштитивме здравствениот систем, ги подготвивме капацитетите и добро ја информиравме јавноста. Не дозволивме лоши сценарија какви што гледавме низ Европа и светот.

Здравствениот систем и нашата држава во битката со коронавирусот можат да успеат со професионалци и експерти како нашиот Филипче.

Затоа, на 15 јули, да дадеме масовна поддршка за коалицијата #Можеме, која носи сигурност и заштита на здравјето на граѓаните.

ОО  на  СДСМ  Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари