„Го подготвуваме здравствениот систем за есенскиот бран на коронавирусот. Градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „Ковид- центри“ во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови. Целта е да се обезбеди соодветен третман и тријажа на пациенти позитивни со ковид 19, без при тоа да се компромитира редовното работење на болниците и здравјето на другите пациенти“ изјави Министерот за здравство Венко Филипче.

Инаку, ова било договорено во петокот на состанокот на министерот за здравство Венко Филипче со градоначалниците на општините Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола, Ресен и Прилеп.

Станува број за дополнителни времени капацитети, односно монтажни модуларни болници или креирање на посебни патеки и услови во некои објекти, како и лоцирање и прилагодување на одредени други капацитети кои би можеле да се адаптираат и користат како привремени ковид-центри.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари