На 12.07.2020 во 21.30 на магистралниот пат Радовиш Штип, во близина на клучка за село Љуботен, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(33) од Кочани, патничко возило „пежо 206“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Р.(28) од Радовиш и патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки управувано од А.Т.(40) од Кочани.

Во незгодата починал Е.М.(42), сопатник во патничкото возило „опел корса“, додека возачот се здобил со тешки телесни повреди, а двајца сопатници со телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип и Јавен обвинител.

ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари