Во последните 24 часа се направени 1382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19: Скопје 83, Куманово 12, Дебар 1, Штип 21, Прилеп 2, Тетово 9, Струга 3, Велес 2, Битола 11, Охрид 3, Гостивар 10, Радовиш 7, Кочани 1, Пробиштип 2, Демир Хисар 3, Свети Николе 27, Кичево 1.

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица: Скопје 71, Штип 7, Тетово 12, Велес 1, Битола 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Кичево 1, Ресен 2.

Досега во земјата се направени вкупно 80774 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530, бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари