Во последните 24 часа се направени 1612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 59, Куманово 12, Дебар 18, Штип 17, Прилеп 1, Тетово 6, Струга 6, Битола 1, Кавадарци 2, Гостивар 9, Пробиштип 2, Демир Хисар 1, Свети Николе 23, Кичево 6, Ресен 1.

Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени лица од: Скопје 42, Штип 7, Тетово 1, Струга 4, Велес 1, Охрид 6, Кавадарци 3, Свети Николе 2, Ресен 7, Неготино 1.

Досега во земјата се направени вкупно 83216 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8786, бројката на оздравени пациенти е 4676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3704.

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари