Во последните 24 часа се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19: Скопје 73,  Куманово 10, Дебар 1, Штип 60, Прилеп 5, Тетово 32, Струга 3,  Велес 1, Битола 3, Охрид 2, Гостивар 14,  Гевгелија 6, Струмица 4, Крива Паланка 3, Радовиш 3, Крушево 1, Кочани 8, Пробиштип 1, Демир Хисар 2, Виница 1, Кратово 1, Свети Николе 5, Кичево 2.

Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица; Скопје 40, Битола 1, Пробиштип 1, Демир Хисар 1, Кичево 1, Ресен 7.

Досега во земјата се направени вкупно 84916 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари