Како што дознаваме вечерва нешто пред 22:00 часот на патниот правец Кочани – Штип се случила тешка сообраќајна несреќа со тешки последици.

Во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила Фолксваген „Поло“ со Радовишки регистарски таблички и Форд „Фокус“ со Штипски регистарски таблички.

Во несреќата едно лице починало а додека другото со кола на Итна медицинска помош било пренесено во Болница.

Сообраќајката се случила после бензинската помпа кај Чешиново а поради истата сообраќајот бил пренасочен по споредните патишта.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари