Во последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 24, Куманово 6, Штип 24, Прилеп 1, Тетово 7, Струга 9, Битола 1, Охрид 6, Гостивар 4, Струмица 3, Крива Паланка 1, Радовиш 5, Кочани 2, Свети Николе 3.

Починати се 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје 27, Куманово 16, Прилеп 4, Тетово 4, Кавадарци 1, Гевгелија 1, Крива Паланка 3, Кратово 1, Кичево 1, Ресен 3.

Досега во земјата се направени вкупно 86.543 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9249, бројката на оздравени пациенти е 4871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3946.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари