Во последните 24 часа се направени 1437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 64, Куманово 7, Штип 19, Прилеп 1, Тетово 7, Струга 14, Велес 1, Битола 2, Охрид 5, Гостивар 6, Радовиш 2, Крушево 1, Демир Хисар 1, Свети Николе 3, Кичево 4.

Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравен пациент од: Скопје 41, Штип 10, Тетово 11, Струга 25, Велес 3, Охрид 36, Гостивар 5.

Досега во земјата се направени вкупно 89703 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9547, бројката на оздравени пациенти е 5071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4034.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари