Последниот ден од годинешниот преоден рок на кочанскиот третолигаш му донесе пет нови засилувања, кои имаат право на настап веќе во второто коло од годинешното првенство во кое „жетварите“ му гостуваат на „Карбинци“.

 

Ефтим Аксентиев, Драган Паунов, Владимир Секуловски, Дарио и Дарко Анатасовски, се новите играчи на „Осогово“ кои според квалитетот што го поседуваат ќе значат и те како големо засилување во борбата за бодови.

 

Дознаваме дека на последниот состанок на Управниот Одбор на клубот, не е усвоена оставката на тренерот Крсте Крстев, па така тој и понатака останува да ги води „жолто сините“.

 

С. Ивановски

 

P2420224

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари