И во вториот натпревар од годинешното првенство девојчињата на ЖФК „Кочани“ потешко од очекувањата стигнаа до втората победа. Денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани тие ја совладаа екипата на „Ас Јунајтед“ од Струга со резултат 4:1 (1:0).

 

Кочанчанки поведоа во првото полувреме по оправдано досудениот пенал, а додека во вториот дел со поангажирана игра уште три пати го матираа голманот на стружани.

 

Централна фигура на натпреварот беше Кате Милеска која постигна три погодоци, а додека стрелец на четвртиот погодок за „жетварките“ беше Афродита Салихи. Гостинките поразот го ублажија во последната минута од натпреварот, а стрелец на погодокот беше Максути.

 

И овој натпревар како и претходниот започна точно на пладне, па можеби токму и високите температури се причина за слабата игра.

 

С. Ивановски

 

P3830568

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари