По шести пат, во организација на Здружението на новинари од Источниот регион се одржа манифестацијата „Најдоброто од Истокот“. Беа доделани признанијата на најуспешните во повеќе категории кои ја одбележаа минатата 2019 година.

Признанија беа доделени на:

– Едукативен центар „Негрево“ –за најдобра невладина организација,

– ЖФК „Каменица Саса“ – Македонска Каменица, годинешен Шампион на Македонија,  за најдобро од спортот,

– Горан Огнановски, в.д. директор на КИЦ „Романса“ – Македонска Каменица, за најдоброто во културата,

– Фабрика „Антура“ – Кочани, за најдоброто во стопанството,

– ПЗУ „Златко Стојменов“ – Штип, за најдобро во здравството,

– Хотел „Сан Рајс“ – Делчево, за најдобро во хотелиерството,

– Горан Ивановски, директор на ООУ „Славчо Стојменски“ – Виница, за најдоброто во образованието,

– Амбасада на Јапонија во Македонија – докажан пријател кој го поддржува регионот,

– Трајан Анѓелов, генерален менаџер на Квенбергер Логистик Македонија – за менаџер на годината,

– Општина Виница е прогласена за „Град на културата“,

– Општина Штип го доби признанието за „Град на хуманоста“,

– Проф. д-р Трајче Стојанов за лице од областа на науката во регионот,

– Проф д-р Ванчо Чифлиганец, за афирмација на регионот во државата,

– Зорица Нушева, актерка, признание за улогата ма Петрунија во филмот „Господ постои, името и е Птерунија“,

– Благој Веселинов, актер од Кочани, за толкување на главната улога во филмот „Исцелителот“,

– „Киноверзум“ – Свети Николе, за придонес кон создавање услови за афирмација на филмската уметност,

– Чедо Петров од пробиштип, за општествено најодговорна личност.

Постхумно награда за „Животно дело во новинарството“ му беше доделена на новинарот Драги Миланов од Свети Николе.

Манифестацијата се одржа во Туристичкиот центар „Аурора“ на Беровско Езеро, а присутните беа поздравени од страна на Младен Чадиковски – Претседател на ЗНМ, како и градоначалниците: Благој Бочварски од Штип, Ивица Димитров од Виница, Драган Танчовски од Пехчево и од градот домаќин Звонко Пеќевски од Берово.

Низ програмата гостите ги водеа Тања Велкова од Кочани и Тони Михаилов од Штип.

С. Ивановски

7D_14074

7D_14101

7D_14050

7D_13982

7D_13948

7D_13972

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари