Во последните 24 часа се направени 1077 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 39, Куманово 20, Дебар 8, Штип 14, Прилеп 1, Тетово 9, Струга 13, Битола 5, Охрид 3, Кавадарци 5, Гостивар 15, Гевгелија 3, Струмица 4, Радовиш 1, Кочани 1, Демир Хисар 2, Македонски Брод 2, Делчево 3, Кратово 1, Свети Николе 1, Кичево 2.

Нема починати пациенти.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени пациенти од: Скопје 23, Куманово 8, Штип 6, Тетово 10, Гостивар 10, Свети Николе 13.

Досега во земјата се направени вкупно 95169 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10086, бројката на оздравени пациенти е 5427, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4199.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари