Во текот на оваа седмица, на потегот од манастирот „Свети Василиј“ до одморалиштето на МВР беше пуштено уличното советлување.

Сега и во ноќните часови видливоста на овој потег е голема па така туристите кои ја посетуваат „Пониква“ може да се шетаат релаксирано.

Поставувањето на дрвени столбови продолжува, па како што дознаваме за мошне краток период целиот пат од паркиралиштето, преку викенд населбата, до почетокот на „Аеродромот“ ќе биде осветлен.

С. Ивановски

P3830438

 

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари