По шест часа пешачење со неколку мали паузи и една подолга и поминати 23 километри, учесниците ја реализираа ноќната планинарска акција која во организација на КПС „Москито“ од Кочани се одржа на терените на Осоговијата.

Стартот на ноќната планинарска акција беше од Брана „Гратче“ од каде преку м.в. „Колиба“ и „Етимија“ покрај „Змбова чешма“ се стигна до угостителскиот објект  „Осоговска куќа“.

82

По направената пауза, од таму преку „Коњушница“ и село Лешки учесниците во акцијата стигнаа до „Колибите“ каде веќе ги чекаше подготвеното планинарско гравче и салата.

Овде групата се раздели, дел останаа да спијат во шатори а дел се вратија дома.

Едно убаво ноќно доживување за сите учесници кои најавија дека и во иднина ќе учествуваат на вакви и слични акции.

83

86

8485

87

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари