Поради градежните активности што се одвиваат на патот Р1309 Кочани – Пониква и времениот прекин на сообраќајот до Градската депонија, отежнат е транспортот и на комуналниот отпад.

Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ ги известува граѓаните дека собирањето на отпадот од контејнерите и од индивидуалните домаќинства ќе се одвива во попладневните и вечерните часови.

Надлежните служби од КЈП „Водовод“ ги повикуваат граѓаните да имаат разбирање за тековната ситуација.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари