Дали советниците кои го сочинуваат сегашниот Совет на Општина Кочани ќе се решат да ја исправат грешката на нивните колеги од претходниот состав, односно на донесениот Заклучок од 2013 година во кој очигледно е дека е направена голема неправда спрема градското население кога е во прашање плаќањето на такса за собирање смет..

Имено со Одлука од 2005 година сите граѓани на Општина Кочани плаќаа смет по м², но 4 (четири) месеци по завршувањето на Локалните избори 2013 мнозинството од Советот донесува Заклучок за давање одобрение на висина на цената за собирање и за транспортирање на комуналниот отпад во одредени населени места во Општина Кочани според која плаќањето на смет по м² (семејна куќа и дворно место) останува за населението во градот, додека на жителите од околните села им се намалува таа стапка и без разлика на големината на нивните семејни куќи и дворни места тие плаќаат на КЈП „Водовод“ – Кочани, до ден денес на месечно ниво само по 100,00 денари + ДДВ.

Со ова јасно се става до знаење дека жителите на селата се далеку попривилегирани во однос на оние што живеат во градот.

Иронијата да биде поголема како што сме информирани жителите на селата Бели и Прибачево воопшто не сакале ниту тој минималец да го плаќаат со образложение дека сами ќе си го изнесуваат сметот, а каде? по се изгледа на дивите депонии кои се секојдневна појава.

Сегашните советници треба сериозно да му пристапат на ваквиот начин на плаќање смет. Или да донесат одлука сите да плаќаат само по 100,00 денари + ДДВ или сите да плаќаат според донесената Одлука во 2005 година по м² без разлика каде живеат во град или на село.

Време е некој овој проблем да си го сфати сериозно.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари