Благодарение на соработката што ја имаме со нашите сограѓани, дојдовме до две фотографии кои ја отсликуваат реалната културна слика на градот.

Имено деновиве во централното градско подрачје фотографирана е ВЦ шолја која не се знае како стигнала таму.

Дека некој морал да го забележи сопственикот на овој инвентар не е спорно, но зошто не го пријавил тоа ќе остане мала тајна.

Со ова по кој знае кој пат се потврдува констатацијата дека Кочани полека но сигурно од град станува паланка.

С. Ивановски

11950799_885542451514385_663958886_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари