Продолжуваат хуманитарните акции на компанијата Mozzart Bet, која периодов обезбедува и организира испорака на свежо овошје за медицинскиот персонал кој е директно инволвиран во борбата против коронавирусот.

Во Општата болница во Куманово доставено е околу 500 килограми свежо овошје во пакети. Вработените од оваа болница работат без одмор, давајќи максимум да помогнат на своите пациенти кои се лекуваат во оваа болница.

Досега Mozzart Bet донираa повеќе од еден тон овошје, а претходната донација беше наменета за Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Овие акции кои се насочени кон македонското здравство, имаат за цел поддршка и подобрување на условите за работа на нашите херои – здравствените работници кои водат деноноќна борба со вирусот Covid-19.

„Градот Куманово е меѓу најпогодените региони од Covid-19, а ние веќе неколку месеци водиме деноноќна борба за справување со оваа страшна ситуација. Голема благодарност до компанијата Mozzart која се сети на нас – здравствените работници и не освежи со овие пакети овошје, кои се повеќе од добредојдени во овој период. Уште еднаш Mozzart докажа дека е општeствено одоговорна компанија, која пред неколку месеци донираше во нашата болница 10.000 евра, а ги употребивме за набавка на лична заштитна опрема за вработените“. – изјави директорката на Општата болница во Куманово – Д-р Снежана Захариева.

„Компанијата Mozzart од појавата на вирусот во нашата држава организира општествено одговорни акции, помагајќи го здравствениот систем со донации, а сега дел од пакетот помош за борба против ковид го насочивме директно кон здравствените работници. Се надеваме дека овој знак на внимание ќе ги расположи и ќе им покаже дека во овие моменти ја имаат целосната поддршка од наша страна.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Моzzart досега донираа повеќе од 50.000 евра за борба против пандемијата на коронавирусот, а оваа акција ќе продолжи со реализација и во наредниот период во болниците ширум цела Македонија, директно во подрачјата кои се најмногу погодени од коронавирусот.

20

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари