На 28.07.2020 во 14.00 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 13.00 часот настанал пожар во стара напуштена куќа на ул.,,Сремска“ во с.Облешево, сопственост на С.Р.(45) од с.Облешево. Во пожарот целосно изгорела кровната конструкција од куќата. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица Кочани. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.

На 28.07.2020 во 11.40 часот во Полициската станица Кочани, 50-годишна жена од кочанско село пријавила дека на 27.07.2020 околу 14.30 часот во куќа во Зрновци, кочанско, била физички нападната од страна на нејзиниот поранешен вонбрачен партнер. Се работи на комплетирање на случајот, по што против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава.

На 29.07.2020 во 04.30 часот во Полициската станица Кочани, С.Ј.(68) од Кочани пријавил дека во текот на ноќта 28/29.07.2020 од страна на непознат сторител од дворното место на неговата семејна куќа на ул.„Пере Тошев“ во Кочани, му било одземено патничко возило „мерцедес МЛ 320 ЦДИ“, со кочански регистарски ознаки. Се работи на расчистување на случајот.

ИЗВОР: Дневни билтени СВР Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари