Во последните 24 часа се направени 1971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 44, Куманово 21, Дебар 1, Штип 18, Тетово 24, Струга 21, Велес 1, Битола 5, Охрид 6, Кавадарци 3, Гостивар 23, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 2, Демир Хисар 1, Македонски Брод 3, Кичево 10, Ресен 1, Неготино 2.

Починати се 5 лица, пациентка од Скопје, пациент од Битола, пациентка од Куманово, двајца пациенти од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од: Скопје 105, Куманово 23, Дебар 2, Штип 1, Прилеп 1, Тетово 41, Струга 22, Велес 5, Битола 3, Охрид 19, Гостивар 12, Радовиш 1, Пробиштип 3, Демир Хисар 1, Св.Николе 12, Кичево 13, Ресен 4.

Досега во земјата се направени вкупно 99615 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10503, бројката на оздравени пациенти е 5931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4096.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари