Во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 35, Куманово 15, Штип 17, Прилеп 3, Тетово 4, Струга 3, Велес 3, Битола 8, Охрид 3, Кавадарци 2, Гостивар 8, Крива Паланка 1, Кочани 1, Демир Хисар 5, Берово 1, Свети Николе 1, Кичево 8,  Ресен 1.

Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје и пациент од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти од: Скопје 22, Куманово 10, Штип 12, Тетово 26, Струга 1, Велес 1, Битола 4, Пробиштип 2, Демир Хисар 1, Кратово 1, Св.Николе 2, Кичево 3, Ресен 4.

Досега во земјата се направени вкупно 100940 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10617, бројката на оздравени пациенти е 6020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари