На 29.07.2020 на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода И.Д.(44) од Кочани, затоа што во 12.30 часот, пред закажан термин за полагање на возачки испит, на службените лица за полагање на возачки испит при Сообраќаен испитен центар од Штип им дал една банкнота во апоени од 100 евра, барајќи од нив да му овозможат да го положи возачкиот испит.

Службените лица го пријавиле случајот, по што бил извршен увид од увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Кочани и по комплетирање на случајот против И.Д. ќе биде поднесена кривична пријава.

ИЗВОР: Дневни билтени на СВР Штип

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари