По повод верскиот празник Курбан бајрам, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев упати честитка до припадниците од исламска вероисповед, во која се вели:

„Ви го честитам големиот верски празник Курбан бајрам. Искрено ви благодарам за придонесот во негувањето на соживот со граѓаните од сите заедници, како и за поддршката што ја давате во развојот на Кочани. Повикувам и во иднина етничката и верската различност да нè зближуваат и да бидат мост меѓу сите граѓани во нашата општина и држава“ – стои во честитката од градоначалникот Илијев.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари