Во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 36, Куманово 11, Дебар 2, Штип 11, Прилеп 1, Тетово 14, Струга 8, Велес 4, Битола 2, Кавадарци 5, Гостивар 16, Струмица 1, Крушево 1, Кочани 1, Пробиштип 2,  Македонски Брод 1, Виница 6, Свети Николе 1, Кичево 15, Ресен 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 534 оздравени пациенти од: Скопје 353, Куманово 61, Дебар 17, Штип 27, Прилеп 5, Тетово-17, Струга 4, Велес 4, Охрид 3,  Гостивар 14,  Струмица 4, Крушево 1, Кочани 2, Пробиштип 8, Свети Николе 5, Кичево 7, Ресен 2

Во денешните регистрирани оздравени лица најголем број од оздравените се лица од изминатиот период пријавени збирно од локалните центри за јавно здравје кон ИЈЗ.

Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје (66, 67, 34, 67 и 86 години) и пациент од Кочани (76 г.). Пет пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Досега во земјата се направени вкупно 102317 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10754, бројката на оздравени пациенти е 6554, на починати е 486, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3714.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари