Во знак на револт за недомаќинското работење на одредена компанија а и на дел од општинските институции, некои од жителите од улицата „Охридска“ работата си ја земале во свои раце.

Имено, за да се завршат одредени интервенции на улицата, извесна компанија асфалтот го ископала, ја завршиле работата и си заминале. На сред на улицата останала мал кратер кој и те како им пречел на возачите а секако и на жителите од улицата.

Некој за да ги иритира службите во општината да интервенираат до соодветната компанија да ја доведе улицата во состојба пред копањето посадил дрво.

Дрвото на сред улицата стои повеќе од една седмица, но досега никој не интервенирал.

Околу дрвото стои црвена лента со натпис „внимание телефонски кабел“.

С.Ивановски

11992594_10153632182249752_166374817_n

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари