Во последните 24 часа се направени 1621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 47, Куманово 17, Дебар 10, Штип 16, Прилеп 2, Тетово 2, Велес 5, Битола 5, Охрид 2, Кавадарци 1, Гостивар 10, Крива Паланка 1, Кочани 5, Пробиштип 1, Демир Хисар 1,  Македонски Брод 6,  Виница 2, Кратово 1, Кичево 3, Ресен 1

Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Битола (27г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти од: Скопје 105, Штип 9, Прилеп 2, Тетово 4, Велес 1, Битола 5, Гостивар 1, Кочани 4, Пробиштип 1, Демир Хисар 2, Берово 1, Кичево 7, Ресен 2

Досега во земјата се направени вкупно 103938 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891, бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3700.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари