Со добра и ефикасна игра особено во второто полувреме играчите на „Осогово“ ја забележаа и втората победа во серијата подготовки пред стартот на првенството во Втора Фудбалска Лига – исток.

„Жетварите“ денес во Штип го совладаа домаќинот „Кит Го“ со 2:1, откако во првото полувреме губеа со 0:1.

Домаќините поведоа со голот на Петар Најдов во првото полувреме, но во вториот дел „жетварите“ со подобра игра стигнаа до 2:1. Најпрвин резултатот го изедначи Димитар Иванов кој од слободен удар од преку 25 метри стрелаше ниско по земја во небранетиот дел на мрежата, а победата за „жолто-сините“ дојде во 86’ кога по оправдано досудениот пенал прецизен беше Никола Стоиловски.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари