На 2 Август 2020 г. се навршуваат 76 години од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание.

По повод големиот празник, Денот на Републиката – Илинден, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати честитка до граѓаните, во која се вели:

„Илинденската епопеја е континуитетот на македонската историја, симболот на победата којшто ги соединува Илинденското востание и АСНОМ, 1903 и 1944. Илинден ја трасира македонската државотворност и ги спојува стремежот, непокорот и победата.

Честит и вековит да ни е Илинден“ стои во честитката од градоначалникот Илијев.

Во знак на почит кон жртвите за слободата, на 2 Август во 9 ч. делегација од Општина Кочани ќе положи свежо цвеќе на Споменикот на слободата.

Во 9:30 ч. делегација од ОУ „Никола Карев“ и директори на основните и средните училишта од Кочани ќе положат цвеќе на споменикот на Никола Карев во Паркот на Револуцијата во Кочани.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари