По повод големиот празник, Денот на Републиката, кога се навршуваат 76 години од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание, делегација од Општина Кочани и делегации од локални партиските ограноци на СДСМ, ВМРО- ДПМНЕ и ДОМ положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата.

Чествувајќи го големиот национален и православен празник, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев повика Илинден да поттикнува кон нови, поголеми демократски придобивки, праведно општество, економски постабилна и попросперитетна европска иднина.

По иницијатива на училиштето што го носи името на претседателот на Крушевската република Никола Карев, делегации од училиштата и градоначалникот положија цвеќе на споменикот на Карев во Паркот на Револуцијата во Кочани.

DSC_0021

100

DSC_0093

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари