Во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 47, Куманово 17, Дебар 1, Штип 23, Тетово 12, Струга 7, Битола 1, Охрид 3, Кавадарци 9, Гостивар 15, Гевгелија 1, Струмица 1, Демир Хисар 1, Македонски Брод 10, Виница 2, Свети Николе 2, Кичево 12, Неготино 2.

Починати се 4 лица, пациент од Скопје, пациент од Кичево, пациент од Штип и пациент од Битола.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти од: Скопје 98, Куманово 17, Штип 25, Битола 8, Гостивар 15, Радовиш 2, Пробиштип 1, Свети Николе 12, Кичево 3, Ресен 4

Досега во земјата се направени вкупно 105357 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11054, бројката на оздравени пациенти е 6882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3675.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари