Во согласност со член 8 од Одлуката за наградите на општината Кочани („Сл.гласник на општина Кочани“ Бр.9/010, 6/2018 и 5/2019), Одборот за доделување на награди на општината Кочани, објавува

Ј А В Е Н    П О В И К

за доставување на предлози за доделување на награда на општината Кочани за значајни остварувања за развојот на општината Кочани и награда за животно дело

1. Општината Кочани доделува Награда на општината Кочани за значајни остварувања за развојот на општината Кочани.

– Наградата за значајни остварувања за развојот на општината Кочани се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на грагани.

– Наградата е во форма на плакета.

2. Општината Кочани доделува и Награда на општината Кочани за животно дело.

– Наградата на општината Кочани за животно дело е плакета и сe доделува во случаи на исклучителни разултати и остварувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството, и во другите дејности од јавен интерес, по претходна оценка на Одборот за доделување награди на општината Кочани.

3. Предлозите за доделување на наградите се доставуваат до Одборот за доделување награди на општината Кочани на адреса: Општина Кочани , ул. „Раде .Кратовче“ бр.1.

Предлозите треба да бидат образложени.

4. Јавниот повик трае од 01.08.2020 година, до 25.08.2020 година.

Претседател на Одборот за доделување награди

на општината Кочани – Емилија Серафимова

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари