Општина Виница започна со реализација на проектот за регулација на коритото на Градечка Река. Регулацијата се однесува на делот од реката што поминува низ градското подрачје.

„Со проектот е предвидено уредување на дното на речното корито, како и изградба на кејски ѕид во должина од 600 метри на левиот брег, со оглед што на десната страна тој веќе е изграден. Исто така ќе се регулираат уште 250 метри на влезот ма реката во Виница со целосно нови кејски ѕидови од двете страни. Со тоа ќе уредиме еден дел од градското подрачје што ќе добие нов, урбанизиран изглед, со можноста да прерасне во шеталиште за граѓаните“ истакна Ивица Димитров – Градоначални9к на Општина Виница

Со регулацијата на Градечка Река при поголеми дождови и зголемување на нејзиниот водостој ќе се спречат опасностите од излевање и нанесување штети на населението.

Вкупната инвестиција е во вредност од 15.112.302,00 денари од кои МЖСПП учествува со 8.500.000,00 денари а преостанатите 6.622.302,00 денари се обезбедени од буџетот на општина Виница.

Изведувач на градежните работи е компанијата „Стоименов“ од Кочани која обврските предвидени во договорот со Општина Виница ќе треба да ги заврши во наредните шест месеци.

С. Ивановски

91939492

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари